Сарачини: Честитката на Спасовски не е хајка против него, туку против една идентитетска карактеристика на цел народ (ВИДЕО)

Последниве два месеци се води една хајка околу честитката на Спасовски искажана на ромски јазик. Но, ова морам да кажам дека не е хајка против Спасовски, туку против една идентитетска карактеристика на цел народ (Ромите) – јазикот, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Петрит Сарачини, новинар, граѓански активист.

Исмевањето не е насочено само он Спасовски, туку и кон ромскиот народ.

-Исмевачите не се потрудиле да дознаат дека Спасовски знае добро и ромски. Растел во такво кумановско маало, се потрудил да ги научи и разбере комшиите. Нормално, тие што исмеваат не знаат ниту збор ромски, освен пар пцовки. А не се исмеваат со Спасовски, туку со Ромите, нека е јасно. ВМРО-ДПМНЕ со години ја користи омразата кон различните, кон Албанците, Ромите ги користи како модус операнти, со цел да ја набилдаат партиската машинерија, вели Сарачини.

Претходно и на својот ФБ профил Сарачини напиша дека Спасовски е тука само спотер на политичка омраза, преку кој го изјавуваат и својот расизам и ксенофобија. Колку и да го кријат, од некаде ќе излезе. Просто е појако од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот