Фото: Сапорт Кочани

„Сапорт Кочани“ по третпат транспарентно распредели донации за семејствата на загинатите во „Пулс“, сега во износ од 50.000 евра

Иницијативата „Сапорт Кочани“ ја спроведе третата распределба на пари собрани преку заедничката наменска сметка за донации, отворена веднаш по трагедијата во дискотекат „Пулс“. Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба.

„Во рамки на третата распределба, вкупно 142 лица кои претходно поднесоа и потпишаа изјава за потреба од помош беа опфатени и вклучени во процесот. Средствата беа распределени врз основа на јасни критериуми и донаторска одлука, во координација со засегнатите страни, со единствена цел, помошта да стигне до секој што беше погоден. Сите средства за третата распределба потекнуваат од донација обезбедена од Македонската православна епархија за Европа, при што трансакцијата беше ослободена од банкарска провизија од страна на НЛБ Тутунска банка“ велат од граѓанската иницијатива.

• Вкупно донирани средства (бруто): 3.153.204 денари (околу 51.000 евра)

• Распределба според одлука на донаторот (нето):

123 лица добија по 15.968 денари
19 лица добија по 45.992 денари.
По основ на персонален данок (ПДД), од средствата за оваа распределба беа уплатени 315.292 денари. Со тоа, заклучно со третата распределба, вкупно платениот персонален данок ПДД за сите три распределби изнесува 2.274.285 денари, од вкупен износ на бруто донации од 22.742.997 денари.

„Сапорт Кочани“ потсетува дека и во првата и во втората распределба средствата беа директно и транспарентно префрлени на сметките на најпогодените лица, а целиот процес беше јавно документиран и достапен за увид. Третата распределба претставува продолжение на истиот пристап, а тоа значи одговорно управување со донациите и јасна отчетност пред јавноста и донаторите.

Од иницијативата велат дека остануваат „целосно посветени на транспарентност, одговорност и континуирана грижа за погодените семејства“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот