Сантос сакаше преку суд да и лапне 61 милион евра на Барселона, ама…

Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја отфрли во целост тужбата на бразилскиот тим Сантос. Бразилците бараа нешто повеќе од 61 милион евра отштета за трансферот на Нејмар во Барселона кој се случи во 2013 година.

Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) смета дека договорот помеѓу Сантос и Нејмар бил прекинат со заеднички договор и дека Барселона не прекшила ниту една ставка од договоро кога исплатила одредена сума на пари на таткото на Нејмар.

ЦАС наведува дека Барселона извршила уплата на компанијата во сопственост на Нејмар и неговиот татко „N&N“, но дека не направила никаква измама кога потпишала преддоговор со бразилскиот репрезентативец како и дека не постапила погрешно за време на договорањето на трансферот.
Састос бараше дури 61 милион евра, но ЦАС ја отфрли тужбата и му налоши на бразилскиот клуб да ги плати трошоците за судењето во висина од 20.000 швајцарски франци.

Нејмар во 2013 година пристигна во Барселона за обесштетување од 88.2 милиони евра, а четири години подоцна премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот