Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Санкционирани 155 возачи во Скопје зашто возеле без дозвола или пијани

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 15 санкции за возење без возачка дозвола, осум санкции за управување возило под дејство на алкохол, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување возило. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот