Сандерс и по дебатата во Јужна Каролина останува пред своите конкуренти

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Тој има добри шанси да ја добие и Јужна Каролина, се дознава од најновата анкета на агенцијата „Ројтерс“ и консултантите „Ипсос“.

На синоќешната дебата на демократските кандидати за претседател во Јужна Каролина најмногу удари прими независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, кој како фаворит, со победите во Њу Хемпшир и Ајова, засега има најголеми шанси за победа на прелиминарното гласање во оваа сојузна држава.

Тој има добри шанси да ја добие и Јужна Каролина, се дознава од најновата анкета на агенцијата „Ројтерс“ и консултантите „Ипсос“.

Изборите за тоа кого демократите во сојузната држава ќе номинираат за претседателски кандидат се во сабота. На досегашните анкети Сандерс беше изедначен со поранешниот потпретседател Џо Бајден, но најновата анкета укажува дека неговата позиција се засилува поради тоа што гласовите од Бајден можат да се одлеат кај уште еден учесник во трката, Том Стајер.

Милијардерот Стајер потроши десетици милиони долари за да ја зголеми својата популарност кај афроамериканската заедница, околу половина од демокарсткиот електорат во Јужна Каролина.

Според набљудувачите, ова може да му помогне на Сандерс во трката со Бајден. Така истражувањето на јавното мнение на Ројтерс-Ипсос укажува дека Сандерс за прват достигнал поголема популарност кај афроамериканската заедница од Бајден.

Според истражвањето, спроведено 19-25 февруари, 26 отсто од регистрираните демократи и независните укажале дека на изборите во сабота ќе гласаат за Сандерс, 15 отсто од нив укажале дека ќе гласаат за милијардерот Мајкл Блумберг, додека 14 отсто за Бајден.

Со ова, Сандерс за првпат во изминатите три недели се оддалечи од останатите сериозни конкуренти и постигна двоцифрена популарност.

За демократите, важна карактеристика за претседателскиот кандидат е тој да заслужува да биде избран. Според анкетата, 26 отсто од демократите сметаат дека Сандерс има најмногу способности и заслуги да биде избран, по него е Блумберг со 20 отсто, а на трето место е Бајден со 17 отсто.

Во хипотетичка трка Сандерс-Трамп, води сенаторот од Вермонт. Од сите регистрирани гласачи, вклучувајќи ги и републиканците, 47 отсто одговориле дека би гласале за Сандерс, додека 40 отсто би гласале за актуелниот претседател.

Во слична хипотетичка трка, според анкетата, победа би однеле и други против кандидати на Трамп, како Бајден и Блумберг. Бајден би победил со седум процентна предност, како Сандерс, а Блумберг со четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот