Санчо беше преголем „залак“ за Манчестер јунајтед!?

фото: твитер

Наместо крилото Џејдон Санчо (20), во последните часови од преодниот рок Манчестер јунајтед го ангажираше уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани (33), кој дојде без отштета, како и бразилскиот дефанзивец Алекс Телеш (27), кој пристигна од Порто за 15 милиони евра.

Клубот од „Олд Трафорд“ цело лето преговараше за доаѓањето на англискиот репрезентативец, но Борусија Дортмунд инсистираше на обесштетување од 120 милиони евра.

Но, висината на обесштетувањето не беше единствениот проблем, како што информираат британските медиуми, наведувајќи дека вкупните трошоци за ангажирање на Санчо би биле околу 250 милиони евра доколку се соберат износите за надомест, плата и провизија за менаџерот на овој играч.

На крајот, „црвените ѓаволи“ заклучија дека таков трошок би бил економски неоправдан кога клубот трпи голема загуба на приходите поради пандемијата на коронавирусот.

Имено, секој натпревар одигран на празен „Олд Трафорд“ го чини клубот околу пет милиони евра приход од билет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот