Сан Марино го легализира абортусот

Протести во Мексико против забраната за абортус/ Фото EPA-EFE/Miguel Sierra

Сан Марино, енклавата во централна Италија, вчера со големо мнозинство гласови на референдум гласаше за легализација на абортусот, покажуваат привремените податоци на Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-Би-Си.

Вкупно 77 проценти од гласачите во таа држава со силна католичка традиција одобрија абортус до 12 -та недела од бременоста, а после тој период абортусот би бил возможен доколку животот на мајката е загрозен или ако има фетални малформации.

Папа: Абортусот е убиство

Активистите за абортус се надеваа дека ќе ја усогласат малата земја, која се наоѓа на падините на планините во централна Италија, со поголемиот дел од Европа со укинување на целосната забрана за абортус. Сепак, влијанието на црквата е силно, а папата Франциск минатата недела повтори дека абортусот е убиство.

Заедно со Малта, Андора и Ватикан, Сан Марино беше едно од последните места во Европа што имаше целосна забрана за абортус, дури и во случаи на силување или инцест, тешки фетални малформации или опасност по животот на мајката.

Право на глас имаа повеќе од 35.000 луѓе

На референдумот што го започна Унијата на жени во Сан Марино, право на глас имаа 35.411 лица, од кои една третина живеат во странство. На жените на кои им бил извршен абортус досега им се заканува тригодишна затворска казна, а на оние на кои им била извршена постапката двапати подолго. Меѓутоа, досега никој не е осуден.

Жените кои одлучуваат за абортус обично тоа го прават во Италија каде што е легален повеќе од 40 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот