Само што пристигна во Атлетико, се зарази со корона
Муса Дембеле кој во зимскиот преоден рок од Олимпик Лион пристигна на шестмесечна позајмица во Атлетико Мадрид ќе почека за своето деби во дресот на лидерот на Ла Лига.
Французинот кој пристигна како замена за Диего Коста е позитивен на коронавирус, објави Атлетико Мадрид.
Само еден ден претходно, позитивен на коронавирус беше и Жоао Феликс поради што тренерот Диего Симеоне за неделниот натпревар против Селта, ќе има намален избор во нападот.
И покрај тоа што коронавирусот го нападна Атлетико, претходно уште двајца играчи беа позитивни на корона, тимот на Симеоне е лидер на табелата во Ла Лига со десет бода повеќе од второпласираната Барселона и згора на тоа има и натпревар помалку.
Муса Дембеле откако кон средината на јануари пристигна на „Ванда Метрополитано“, на трите натпревари против Еибар, Валенсија и Кадиз, беше во протоколот на тимот, но не доби можност да дебитира за Атлетико.