Книги илустрација / Фото: pexels-cottonbro

Само натпросечно интелигентните луѓе уживаат во овие 10 навики

Научниците спровеле повеќе истражувања и издвоиле 10 карактерни црти што најчесто се појавуваат кај луѓето со висока интелигенција.

Проверете дали и вие ги поседувате овие навики – вака се однесуваат навистина инетлигентните луѓе:

1. Лесно се приспособуваат на секоја ситуација

Ова е клучна способност за секој што сака успешно да се снајде во тешки или нови околности. Интелигентните луѓе ги анализираат шансите и се прилагодуваат на условите.

Брус Ли има една позната изјава: „Биди како водата – таа се приспособува на секоја форма, а може да го пробие и каменот.“

И психологијата го потврдува тоа – интелигенцијата често се дефинира како способност за адаптација.

2. Свесни се колку многу не знаат

Признавањето на сопствените слабости е првиот чекор кон развој.

Според истражувањето на Кругер и Данинг, колку помалку интелигентна е една личност, толку повеќе ги преценува своите способности.

3. Многу читаат

Ова не изненадува – читањето ја шири мозочната активност, ја поттикнува маштата и го збогатува вокабуларот.

4. Имаат отворен ум

Паметните луѓе се подготвени да слушаат различни мислења, да размислуваат критички и да прифатат нови идеи.
Но истовремено знаат да препознаат која идеја вреди, а која не.

5. Уживаат во сопственото друштво

Истражување објавено во British Journal of Psychology (2016) покажало дека интелигентните луѓе поретко се чувствуваат осамено кога се сами – дури им прија да бидат во сопствено друштво.

6. Имаат силна самоконтрола

Научниците објавија во Psychological Science дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто избираат подобра награда подоцна, отколку мала награда веднаш.
Тие умеат да одложат задоволство за поголема добивка.

7. Имаат извонреден хумор

Смислата за хумор често е знак на брзо размислување. Студија на Универзитетот во Ново Мексико (2011) покажала дека луѓето со висока вербална интелигенција подобро создаваат духовити коментари.

8. Го ценат „црниот“ хумор

Истражување од 2017 година во Cognitive Processing открива: луѓето со висока вербална и невербална интелигенција многу повеќе го разбираат и ценат мрачниот, саркастичен хумор.

9. Сензитивни се кон емоциите на другите

Емоционалната интелигенција се гледа во способноста да ги препознаеме туѓите чувства, но и правилно да реагираме на нив.
Меѓутоа, има исклучоци – не секој со висок коефициент на интелигенција има високо развиена емпатија.

10. Размислуваат „надвор од рамките“

Интелигентните личности бараат нови решенија, нестандардни пристапи и не се задоволуваат со „единствено правилниот“ одговор што го следи мнозинството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот