Саманта Фокс проговори за сексуалното вознемирување во шоубизнисот: Ме турна во тоалетот и се обиде да ме нападне!

профимедиа

Секс симболот на 80-те години Саманта Фокс тврди дека била сексуално вознемирувана на самиот почеток, а го обвинила покојниот Дејвид Касиди.

Саманта Фокс во документарецот „Page 3: The Naked Truth“ прозборила за својот живот и влегувањето во шоубизнисот. Таа започнала како модел, а во 1986 година зачекорила во светот на поп музиката со хитот „Touch Me“.

Таа вели дека покојниот актер и пејач сексуално ја вознемирувал за време на снимањето на неговиот сингл „Romance“. Саманта обвинувањата ги кажала уште во 2017 година, а сега дала и детали за тоа случување. Таа тврди дека сетоа тоа се случило во мај 1985 година кога ја нападнал во тоалетот на еден ресторан и тоа после снимањето на синглот. Таа тогаш имала 19 години.

„Кога имав седум или осум години тој беше еден од моите најголеми идоли. Бев негова голема обожавателка“, рфекла Фокс. Саманта раскажала дека снимањето било исклучително мачно и дека била згрозена кога сфатила дека Касиди цело време во текот на снимањето имал ерекција.

„Кога ќе се доближеше до мене, јасно можев да ја почувствувам неговата ерекција. Изгледаше како Дејвид намерно да го отежнува снимањето, кое траеше цела вечност токму поради тоа. Беше исклучително мачно“, се присетила таа.

После снимањето Касиди ги повикал Саманта и неговиот татко да му се придружат на вечера во еден ресторан. „Отидовме на вечера со мојот татко и луѓето од продукциската куќа. Во еден момент отидов до тоалет, а тој ме следеше. Кога влезе во тоалетот ме турна кон ѕидот и се обиде да ми го бутне јазикот во уста. Побегнав и се вратив веднаш до столот на татко му. Но, не му реков ништо. Бев преплашена“, се присетила Фокс.

View this post on Instagram

Remember stay home !! ?❤️ #samanthafox #samanthafoxofficial

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial) on

Касиди бил американски актер и пејач, а славата ја стекнал со ликот на Кит Патриџ во популарниот ситком „The Patridge Family“. Успехот на серијата во почетокот на 80-те години го направил тинејџерски идол.

Тој починал во 2017 година на 67-годишна возраст, а се зборувало дека му е потребна трансплантација на црниот дроб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот