Салвини предложи обединување на европската десница

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

На состанокот во Португалија, каде што учествуваше на конференцијата „За поинаква Европа”, Салвини изјави дека „Европа не е ниту ЕУ, ниту еврото, Европа се милионите нејзини граѓани”, пренесе агенцијата Анса.

Лидерот на италијанската десничарска партија „Лига”, Матео Салвини, предложи обединување на членовите на Европскиот парламент од сите конзервативно-десничарски партии.

На состанокот во Португалија, каде што учествуваше на конференцијата „За поинаква Европа”, Салвини изјави дека „Европа не е ниту ЕУ, ниту еврото, Европа се милионите нејзини граѓани”, пренесе агенцијата Анса.

-Можеби некои велат дека ова е состанок на екстремисти, но ние овде сееме, ја испитуваме можноста за формирање единствен блок во ЕУ со можни 130 парламентарци, рече Салвини.

Дел од италијанските центристички партии позитивно изреагираа на предлогот на Салвини, но партијата на Силвио Берлускони „Форца Италија” оцени дека италијанската десница е обединета, но дека такво нешто не може да се пренесе во Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот