Шабан Салиу и кандидатот за советник во Виница, Умут Скопко / Фото: Фејсбук

Салиу го посети претепаниот кандидат за советник од Виница: За насилство нема место во политиката

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, го посети неговиот кандидат за советник Умут Скопко, кој беше брутално претепан од страна на кандидат за советник од сопствената коалиција.

„Денес во болница го посетив сопартиецот Умут Скопко, кој беше без причина претепан пред изборите. Умут се опоравува и е во подобра здравствена состојба. Тој упатува искрена благодарност на сите што се грижеа за неговото здравје и на секој што испрати порака на поддршка. За насилството нема место во политиката ниту во нашата заедница. Ќе продолжиме да се бориме со идеи и работа, а од надлежните институции очекувам правда“, напиша Салиу во објава на „Фејсбук“.

Скопко, кандидат за советник во Општина Виница од партијата Демократски сили на Ромите, која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше брутално претепан на 2 октомври пред кафеана во градот. По нападот, во Виница се собраа голем број роднини, пријатели и сопартијци на претепаниот кандидат, а на улиците беа распоредени полициски специјалци.

Скопко беше во кома, а лекарите со денови се бореа за неговиот живот.

Осуммина од обезбедувањето на владејачката партија, како што тврдат роднините, го тепале Умут и неговиот брат со цел да се откаже од кандидатура за советник. Умут лежеше во кома во болница во Скопје, а лекарите се бореа за неговиот живот.

ВИДЕО: Големи тензии во Виница откако е претепан кандидат за советник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот