Сали Бериша најави враќање на лидерската функција во Демократската партија на Албанија

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот лидер на албанската опозициска Демократска партија, актуелен пратеник и предводник на партиското крило, наречено Комисија за обнова на партијата, Сали Бериша, јавно ја соопшти неговата определба повторно да застане на чело на партијата.

Тој додаде дека „ќе биде во отворена конкуренција за да го преземе раководството на Демократската партија и да се натпреварува со секого”.

-Ќе бидам во отворена трка и го поканам секој колега да се натпреварува, добредојден е секој во фер натпревар, со правила. Секој може слободно да има своја агенда на средби и свои гласачи, рече Бериша.

Бериша ги повика сите демократи да се приклучат на напорите на Комисијата за обновување формирана од него за заживување на десницата.

Бериша (78) се повлече од лидерската функција во 2013 година, по две децении на чело на ПД, по поразот на парламентарните избори, по што беше прогласен за историски лидер.

Откако во мај минатата година беше прогласен за персона нон грата од страна на САД и барањето на американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, тогашниот лидер Љуљзим Баша го исклучи од пратеничката група а потоа и од сите партиски структури.

По оваа одлука на Баша почна расколот во партијата, па повеќе пратеници и носители на партиски функции му откажаа послушност и се приклучија кон Бериша. Се подлабоката криза во партијата и зачестените барања за тоа, Баша на 21 месецов си поднесе оставка од функцијата.

До избор на нов лидер функцијата, според статутот ја извршува потпретседателот Енкелејд Алибеај, но по вчерашната одлука на судот, за признавање на крилото на Бериша за легитмно, останува да се види што ќе се случува во ова апартија во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот