Салах за соиграч има сексуален предатор

Фудбалерот на ПАОК, Амр Варда е исфрлен од репрезентацијата на Египет која настапува на Африканскиот куп на нации, откако две девојки на социјалните мрежи објавија компромитирачки фотографии но и заканувачки пораки кои фудбалерот им ги праќал преку „Ватсап“.

https://twitter.com/SangreDeLeyenda/status/1143692079706464256

Една од девојките кои во јавност ги изнесоа деталите, тврди дека Варда зедно со уште двајца неименувани фудбалери од египетската репрезентација ја повикале во хотелска соба.
„Кога го одбив предлогот, тие станаа агресивни. Варда се однесуваше одвратно“ напиша девојката.

https://twitter.com/SangreDeLeyenda/status/1143692079706464256

Во меѓувреме се појави уште една девојка со пораки со слична содржина во кои колегата на Мохамед Салах од репрезентацијата, и праќал фотографии на кои тој е гол, а потоа и испраќал и заканувачки пораки.

„Тој не е нормален, тој е сексуален предатор. Најлоѓата работа што сум ја направила во животот е што се средував за Амр Варда. Тој со месеци ме злоставуваше  и ми се закануваше. Морав да глумам дека ми се допаѓа, бидејќи кога беше лут се однесуваше насилно. Потоа му реков: Тоа што си познат не значи дека сакам да го видам твојот пенис“, изјави втората девојка.

По овие обвинувања, Египетската фудбалска федерација веднаш го исфрли Варда од репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот