Фото: Фејсбук

„Сакам да танцувам и сонувам да можам да одам“: Турунџиева ѝ е голема поддршка на поранешната ученичка Дени која се движи со количка

Сузана Турунџиева е многу поврзана со Дени Жерновска, девојка која се движи со помош на количка, а е нејзина поранешна ученичка од основното училиште каде што предаваше музичко.

„Кога мојата ученичка Дени седна во прва клупа и ме праша: ‘Наставничке, дали денеска може јас да танцувам, по не знам кој пат сфатив дека не постои пречка која може да ја спречи и дека таа е најголемата хероина во мојот живот“, напиша Сузана Турунџиева во описот на едно постаро видео.

ѝ
Дени е дел од животот на Турунџиева и по завршувањето на училиштето. Таа е музиклна и сака танц, а Сузана ѝ овозможи да си ги остварува своите соништа.

Младата девојка досега повеќепати има пеено со Атиџе Мутратова, која е блиска пријателка на Сузе.

„Постојат многу видови на танци, ама најмногу ги сакам оние кога танцува срцето. Кога мојата ученичка Дени на часовите по Танци и ора седна во прва клупа и ме праша: ‘Наставничке, дали денеска може јас да танцувам, по незнам кој пат сфатив дека не постои пречка која може да ја спречи и дека таа е најголемата хероина во мојот живот, полна со радост, љубов, хуманост, добрина, човечност и мноогу музика“, напиша Сузана во една прилика.

Во една понова објава на Фејсбук, водителката, пејачка и основач на женскиот хор „Фрида“ повторно ја поддржува Дени велејќи дека ѝ се восхитува на упорноста.

Во објавата на Дени, таа со помош на младите танчари од танцовото студио „Еурека“ е дел од танцов натпревар. „Еурека“ се инаку познати по тоа што често организираат инклузивни танцови настани.

„Ако сонуваш и веруваш, ќе успееш! Сонувам да можам да одам“, стои во објавата на Дени, а Сузана, споделувајќи ја напишала: „Дени. Олицетворение на љубов, убавина и музика! Дај Боже сонот на Дени да стане реалност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот