Сајбер напад на една недела до изборите во САД: Хакиран сајтот на претседателската кампања на Доналд Трамп

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Официјалната страница на претседателската кампања на Доналд Трамп на кратко беше хакирана на една недела до изборите во САД на 3 ноември. На страницата donaldtrump.com неколку минути стоеше порака дека „локацијата е запленета“.

– Светот е заситен со лажни информации што претседателот секојдневно ги шири, пишуваше на сајтот.

Авторите на пораката тврдеа дека имаат доверливи информации за Трамп и неговата влада, како и дека бараат плаќање во криптовалути за да ја откријат нивната содржина, но таквите тврдења не ги поткрепија со докази.

Портпаролот на кампањата „Трамп 2020“, Тим Мурто потврди дека страницата била хакирана, додавајќи дека соработува со полицијата за лоцирање на изворот на нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот