Садик Сулејмани кандидат на Алијанса за Албанците за градоначалник на Боговиње

Садик Сулејмани фото МИА

 Алијанса за Албанците има нов кандидат за градоначалник за Општина Боговиње која досега ја водеше нивниот член Албон Џемаили. Кандидат за градоначалник ќе биде Садик Сулејмани кој беше избран вчера вечер на партиското Собрание кое се одржа во Боговиње.

-Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани. Актуелниот прв човек на општината  Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка. Во пресрет на локалните избори според состојбата на терен, Алијанса за Албанците уште еднаш покажа демократска вредност, каде што секој член има право да се натпреварува, соопштија од Алијанса за Албанците.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот