САД: Вторпат за еден месец над илјада смртни случаи од Ковид-19

До синоќа  регистрирани се 1.056 смртни случаи и 62.752 новозаразени.

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД е над илјада – по вторпат овој месец.

До синоќа  регистрирани се 1.056 смртни случаи и 62.752 новозаразени.

Само на 7 јули, бројот на смртни случаи во САД надмина илјада, поточно 1.195, а според анализите на универзитетот бројот на смртни случаи од Ковид-19 беше поголем од илјада вкупно 59 пати за 202 дена од почетокот на пандемијата. 

Откако многу држави ги олабавија мерките без постигнување референтни мерила за безбедноста, како на пример двонеделно опаѓање на случаите на зараза, бројот на починатите порасна во 21 од 50-те сојузни држави, меѓу кои се и Аризона, Флорида и Тексас, па во последните две седмици оваа броја порасна во однос на претходните две.

Додека бројот на новите случаи на зараза може да се објаснат со зголемениот број тестирања, хоспитализирањета кои не се поврзуваат со тестирањето, исто рака, од крајот на јуни почнаа да растат.

Дсоега во јули 17 сојузно држави пријавија рекорден број пациент кои се моментално хоспитализирани поради Ковид-19, а девет држави објавија во вторникот нови рекорди, меѓу кои се Албама, Тексас и Калифорнија. Во Флорида повеќе од 40 болници соопштиле дека се пополнети нивните целокупни капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот