САД спремиле опширен план во случај Ким Џонг-Ун да умре?

Владата на САД има опширен план за вонредна ситуација во случај на смрт на севернокорејскиот лидер, очекувајќи масовна хуманитарна криза во земјата.

Извори на Фокс њуз разговарале за тие планови при контрадикторните извештаи за здравјето на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун. Тие повикуваат на внимателност при овие извештаи, кои тврдат дека Ким се соочува со смртна опасност по кардиоваскуларната процедура.

Иако и понатаму е непознато што е вистината за неговата здравствена состојба, американската влада направи опширни планови во случај Ким да почине, рекол изворот на Фокс њуз, кои наведуваат дека изворот е високопозициониран разузнавач.

Тој рекол дека е веројатна голема хуманитарна криза во Северна Кореја, во која милион луѓе би се соочиле со глад и масовен егзодус во Кина.

Разузнавачките извори рекле дека голем дел од планот би било да се потпрат на Кина да истапи и да помогне во контролирање на ситуацијата во Северна Кореја. Делумно заради нејзината близина, а друг дел заради логистичките предизвици кои САД би ги имале во обезбедување на хуманитарна помош.

Извори од Белата куќа рекле дека ги следат извештаите за состојбата на Ким, но дека и понатаму нема потврда за неговото здравје.

Разговорите меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма веќе долго време се запрени. Еден извор рекол дека за време на последниот самит, луѓето кои биле во близина на Ким приметиле дека тешко дише за неговите години.

Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната владетелка на Северна Кореја?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот