САД: Неоснованите шпекулации за промена на границите на Балканот можат да поттикнат нестабилност

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

Американскиот Стејт департмент оцени дека постои опасност „неоснованите шпекулации за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија да поттикнат нестабилност во регионот” и со тоа „да се повикаат сеќавања на затегнатоста во минатото”.

Неофицијален дипломатски документ, т.н. „нон-пејпер”, веќе некое време кружи меѓу европските функционери, со кој се предлага поделба на Босна и Херцеговина и обединување на Косово и Албанија.

– Стабилната, просперитетна иднина на Западен Балкан мора да се заснова на добро управување, владеење на правото, мултиетничка демократија и почитување на човековите права и основните слободи, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Тој додаде дека Вашингтон ги поддржува земјите од Западен Балкан на патот „кон европска интеграција и членство во клучните европски и евро-атлантски институции”.

– Соработуваме со западнобалканските земји и нашите европски партнери на унапредување на јавната администрација, владеењето на правото и реформите во борбата против корупцијата – како и на промовирање на независни медиуми и енергични граѓански општества – што ќе ја зајакне европската перспектива на регионот и ќе ја унапреди долгорочната цел за целовита, слободна и мирна Европа, рече Прајс во соопштение.

Тој исто така истакна дека САД се решени да им помогнат на земјите од регионот „да ги продлабочат своите регионални економски партнерства, да ги постигнат климатските цели, да се спротивстават на руското енергетско изнудување преку диверзификација и развој на чиста енергија и да се борат против корупцијата и организираниот криминал”.

– Ние исто така сакаме да му помогнеме на регионот да се развива и просперира истовремено заштитувајќи ја стратешка инфраструктура и индустрија од штетни практики на Кина, рече Прајс. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот