САД го прекинаа партнерството со Грузија
Соединетите Американски Држави објавија дека го прекинуваат стратешкото партнерство со Грузија поради одлуката на владата да ги прекине преговорите за влез во Европската унија.
Овој потег следи по одлуката на проруската партија Грузиски сон да ги прекине преговорите за пристап во ЕУ, што портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер го нарече „предавство на грузискиот устав“ во објава на платформата Ксу.
„Одлуката на Грузискиот сон да го прекине процесот на пристапување на Грузија во ЕУ е спротивна на ветувањето на грузискиот народ содржано во неговиот устав дека ќе се залага за целосна интеграција во Европската унија и НАТО“, соопшти американскиот Стејт департмент
„Грузискиот народ со големо мнозинство ја поддржува интеграцијата со Европа“, продолжи тој. „Со суспендирање на процесот на пристапување на Грузија во ЕУ, Грузискиот сон ја отфрли можноста за поблиски врски со Европа и ја направи Грузија ранлива пред Кремљ.
САД, исто така, ја критикуваа „прекумерната употреба на полициска сила против Грузијците кои сакаат да го искористат своето право на собирање и изразување, вклучително и слободата на мирни протести“.
САД ги опишаа акциите на Грузискиот сон како „антидемократски“ и ја обвинија партијата за поткопување на основните вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права. Тензиите во Грузија се интензивираа во последните денови.