Сѐ повеќе се слуша на винил: Рекорден број продавници за плочи во Велика Британија во последната деценија

Фото: Pexels

Според Здружението за дигитална забава и малопродажба (ЕРА), бројот на продавници за плочи во Велика Британија достигна врв во последната деценија.

Здружението соопшти дека сега има 461 независна продавница за плочи во Велика Британија, што е за 122 повеќе од пред 10 години, објави „Би-би-си“.

Спротивно на тоа, бројот на продавници кои продаваат музика на аудио носачи во физичка форма, како што се супермаркети и специјализирани синџири, е намален за 8.000 во споредба со 2014 година.

Фото: Pexels

ЕРА откри дека музичкиот пазар во Обединетото Кралство минатата година вредел 2,5 милиони евра (2,2 милијарди фунти), а претплатите за стриминг сочинуваат огромни 84 отсто од таа сума.

Но, исто така, откри дека побарувачката за винилни плочи се зголемила 16-та година по ред, со продадени 6,5 милиони плочи за вкупна продажба од над 200 милиони евра.

„Би-би-си“ објави дека 2,2 милиони од тие плочи биле продадени во независни продавници, а 128 милиони евра од вкупната продажба дошле од постари албуми, а не од нови изданија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот