Сѐ повеќе германски пензионери бараат социјална помош

Фото: Архива

Сѐ повеќе пензионери во Германија бараат помош од социјалните служби бидејќи нивните пензии не се доволни за покривање на животните трошоци. Во септември 2022 година, бројот на пензионери кои добиле пари од програмата за осигурување на основните финансиски средства е зголемен за 12 отсто во однос на септември 2021 година, пишува Дојче веле.

Според досега необјавените информации на Федералниот завод за статистика, кои беа ставени на располагање на претставничката група на Левица во Бундестагот, во септември минатата година ваква форма на државна помош добиле 674.515 пензионери.

Од статистиката е видливо дека бројот на барања се зголемил во текот на летните месеци кога најмногу почнале да се чувствуваат ефектите од инфлацијата. Правото на оваа форма на парична помош го имаат сите пензионери во Германија чии вкупни месечни примања се помали од 924 евра, додека помошта за финансирање на животните трошоци изнесува 449 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот