Сѐ поретко имате секс? Обидете се да го испланирате – советуваат експертите

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

За помладите парови, идејата да „резервираат“ време за секс би можела да биде многу невообичаена, бидејќи интимноста на почетокот на врската обично е многу честа, спонтана и страсна. За волја на вистината, многу луѓе тогаш имаат малку повеќе време, па за нив не е пресудно дали страстите им се разгоруваат во 21 часот или во 4 часот наутро. Дури и ако работеле неколку часа потоа, пишува „Жена.хр“.

Секако, сексуалните желби и потреби се разликуваат и нема одговор колку секс е доволен или премногу. Важно е и двајцата да сте задоволни и да го најдете патот до задоволство без разлика колку долго сте заедно. Секогаш има простор за истражување и откривање нови работи, нели?

Но, често се случува паровите во долги врски или во брак, поради обврски, стрес или нешто друго, да ја остават на страна интимноста и таа да станува сè поретка, што долгорочно може да доведе до незадоволство. Ако се најдете во оваа ситуација, можеби вие и вашиот партнер треба да размислите да одредите време за секс. Ако треба, запишете го во календар или потсетник – всушност, планирањето може да го подобри „заспаниот“ сексуален живот.

Сосема е нормално либидото со време или одвреме-навреме да стивнува и интимните моменти да стануваат ретки поради животните околности. Тешко е да се каже која е критичната точка – некои парови ќе почувствуваат недостаток на интимност за неколку недели, а други за неколку години.

Планираниот секс не треба да биде монотон – тоа не значи дека нема да имате возбудливи моменти полни со страст. Неговата главна предност е очигледна – планирањето секс обично води до почести интимни моменти. Дополнително, можеби оваа тактика ќе ве потсети вас и вашиот партнер колку се убави и вредни заедничките моменти и дека не треба да се пропуштат – се разбира, доколку желбата е обострана и ако нема сериозни проблеми.

Закажување време само за секс не е невообичаено затоа што работната недела често е преполна со обврски. Само затоа што сте се договориле, не значи дека сте ја темпирале секоја секунда од играта. Таа сепак може да биде интересна, возбудлива, брза или бавна…

Како ќе го организирате само вашето време? Едноставно: со зборување. Можете да договорите чување деца, состанок за двајца што ќе го зачините кога ќе се вратите или што и да посакате. Важно е само да не заборавите на важноста на емоционалната, но и физичката поврзаност, гестовите и допирите. Ова може значително да ја збогати вашата врска или брак и да ја „разбуди“ искрата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот