Рути Томпсон, легендарната аниматорка на Дизни почина на 111 години
На 111-годишна возраст почина Рути Томпстон, легендарната аниматорка на Дизни која ги нацрта „Снежана и Седумте Џуџиња“, „Пинокио“, „Дамбо“…
Рути работеше во златните години на Дизни анимацијата, каде помина скоро 40 години. Таа беше една од првите три жени кои се придружија на Интернационалната Унија на Фотографи, уште во 1952 година, а се пензионираше во 1975 година по завршувањето на анимацијата за „The Rescuers“.
View this post on Instagram
Како работник со најдолг работен стаж во историјата на Волт и Рој Дизни, во 2000 година на Руди ѝ беше доделена титулата „Disney Legend“ како признание за нејзиниот исклучителен придонес за компанијата Волт Дизни.
View this post on Instagram
Томпсон пораснала во Холивуд во близина на студиото за цртани филмови на Дизни Брос, а првата поврзаност со браќата Дизни ја има на 18 годишна возраст во „Dubrock’s Riding Academy“ каде браќата често играле поло.
View this post on Instagram
Волт ѝ понудил работа во секторот за боење, а прв цртан филм на кој работела е „Снежана и Седумте Џуџиња“ во 1937 година. Набрзо ќе биде унапредена за финална проверка и планирање на сцени, а ќе ги прегледува и движењата на камерата на цртаните филмови „Пинокио“ (1940), „Дамбо“ (1941), „Заспаната Убавица“ (1959), „Мери Попинс“ (1964), „Мачки од Високото Општество“ (1970) и „Робин Худ“ (1973).
View this post on Instagram