Русковска разрешена од функцијата јавен обвинител

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Поранешната шефица на Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска повеќе не е јавен обвинител, откако денеска Советот на јавни обвинители едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување на дисплинска одговорност за разрешување на обвинителката.

Оваа одлука следува откако против неа и две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција.

Муареми најави тужба против Русковска

На обвинителката Ивана Трајчева и беше изречена мерка намалување на плата за 30 отсто, во траење од шест месеци.

По претресот во Финансиска полиција, тогашниот директор Арафат Муареми поднесе кривична пријава против обвинителките од ОЈО ГОКК, по што шефицата на обвинителството Русковска беше суспендирана од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Муареми нешто подоцна се повлече од директорската функција во Финансиската полиција, а Русковска, откако ѝ заврши мандатот, повторно се кандидираше за главната функција во ОЈО ГОКК, но загуби во гласањето на обвинителите од целата држава, кои на нејзино место го избраа Ислам Абази.

Русковска и двете колешки дисциплински сослушани за случајот со претресот во Финансиската полиција

Претрес во канцеларијата на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот