Русковска и двете колешки дисциплински сослушани за случајот со претресот во Финансиската полиција

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска денеска биле сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција.

Тие биле сослушани во просториите на Јавното обвинителство пред Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност. Обвинителките ги дале своите искази и биле изведени сите докази во постапката.

Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог.

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска, е суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на ексдиректорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа.

Претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК беше извршен 18 јули минатата година. Неколку недели подоцна, во екот на контроверзите околу случајот, директорот на Финансиската полиција Муареми се повлече од функцијата.

Јовески ја суспендира Вилма Русковска, дисциплинска постапка против уште две обвинителки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот