Знаме на Русија/ Фото: ЕПА

Руското знаме запалено во Хелсинки: Москва ја викна финската амбасадорка на разговор

Финската амбасадорка во Русија, Марја Лиивала, била повикана во руското Министерство за надворешни работи, каде што ѝ бил упатен остар протест поради неодамнешното палење на руското знаме пред зградата на руската амбасада во Хелсинки, соопшти дипломатската служба во изјава.

„На шефицата на финската дипломатска мисија ѝ беше изразен решителен протест поради провокацијата што се случила на 24 февруари пред зградата на руската амбасада во Финска, кога непознати луѓе го запалија државното знаме на Руската Федерација“, се наведува во соопштението кое го пренесе ТАСС.

„Руската страна нагласи дека инцидентот го смета за флагрантен иза сквернавење на државниот симбол на Русија“, додаде руското Министерство за надворешни работи.

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот