Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Новите сателитски снимки што ги обезбеди финскиот медиум Yle покажуваат дека Русија минатата зима започнала обемни градежни работи во затворен воен град, преку границата од финска Лапонија.

Големи ископувања се извршени и неколку нови објекти се изградени во гарнизонот Лупче-Савино, кој е дел од градот Кандалакша. Според управата на Мурманскиот регион, се гради воен град за нова артилериска бригада и нејзиниот персонал. Освен тоа, Русија исто така планира да смести барем дел од инженериската бригада на таа локација.

Како што наведува Yle, последниве години руската војска тоа подрачје го користела само за складирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот