Рускиот Попај се пофали со својот неверојатен бицепс! (ФОТО)

инста

Русинот Кирил Терешин го доби прекарот Руски Попај заради огромниот бицепс, но тоа што го прави го загрозува неговото здравје.

Имено, Кирил ги зголеми своите мускули инјектирајќи директно во нив комбинација на хемикалии што ги направил дома, а се базираат на масло од Синтол, популарно меѓу некои бодибилдери. Како што тврди, преку овој процес, неговите бицепси пораснале на огромни 26 сантиметри за само десет дена.

Иако станува збор за опасен третман, поради кој му се заканува ампутирање на рацете, тој не се плаши.

Тој крена прашина со својот последен пост на Инстаграм.

View this post on Instagram

В деле! #москва

A post shared by Руки Базуки Official (@kirilltereshin96) on

„Кралот е, како и обично, на негово место“, напиша тој гордо посочувајќи го својот бицепс и не требаше многу за луѓето да почнат да го критикуваат.

„Ова изгледа болно“, „Тоа те уништува“, „Немаш срам“, се некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот