Рускиот амбасадор во Белград: Поддршка за Советот на Европа, награда на Западот за антисрпската политика на Курти
Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Бочан-Карченко изјави дека поддршката на Советот на министри во Советот на Европа за членството на Косово е награда на Западот за антисрпската политика на премиерот Албин Курти.
Препорачано
Преку Твитер, Бочан Харченко порача дека Приштина ја следи линијата на САД и ЕУ, пренесува Газета експрес.
„Поддршката од Советот на министри на Советот на Европа за барањето на Приштина за членство во организацијата е факт на наградата на Западот за антисрпската политика на премиерот Курти“, напиша тој.
Тој рече дека не случајно времето на одлуката се поклопило со изборите одржани во четирите северни општини на Косово.
„Според мене, нема потреба да се докажува дека Приштина ја следи линијата САД-ЕУ“, напиша тој на крајот.
Подршка од стране Комитета министара Савета Европе приштинске апликације за пријем у организацију фактички је награђивање косовског „премијера“ Куртија од стране Запада за антисрпску политику. Није случајно што је одлука усклађена са лажним „изборима“ у 4 покрајинске општине.
— Александр Боцан-Харченко (@ABocanHarcenko) April 25, 2023


