Фото: Креирана илустрација

Руски дрон погодил кола во Одеската Област – загинала жена, нејзините три деца се во болница

Руски дрон денеска погоди кола што се движела преку мост во Одеската Област, при што загинала една жена, а нејзините три деца биле повредени, соопшти гувернерот на Одеската област, Олег Кипер.

Жената починала во амбулантно возило, објави „Киев индепендент“.

Трите деца биле пренесени во болница со повреди и со акутна стресна реакција.

Кипер ги повика возачите да го избегнуваат мостот каде што се случил инцидентот, наведувајќи дека Русија го нападнала тој дел дури трипати.

„Ова е уште едно цинично воено злосторство на Русија — напад врз цивили,“ додаде тој.

Руските сили сè почесто користат дронови за напади врз цивили во фронтовските области, особено во Херсон, каде што локалните власти известуваат за речиси секојдневни напади со ФПВ-дронови врз возила и врз пешаци.

Во август руски дрон погоди автобус во Херсонската област, при што загинаа двајца, а деветмина беа повредени.

ВИДЕО | Пожар во рафинеријата за нафта Краснодар предизвикан од остатоци од украински дрон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот