Руската рубља се стабилизираше и ја достигна вредноста која ја имаше пред војната

Руската рубља закрепна и ја достигна својата предвоена вредност и покрај санкциите на Западот врз извозот и финансиските системи на земјата.

Со валутата утринава се тргуваше по 75,5 за еден американски долар , наспроти речиси 140 за долар на почетокот на март. Тоа е всушност подобро од 22 февруари, два дена пред инвазијата, кога беше на 80 долари.

Русија ја зајакна својата валута со зголемување на каматните стапки на 20 отсто – односно поттикнување на инвестициите во рубљата – и наметнување на контрола на капиталот, што значи дека луѓето не можат да ја менуваат рубљата за други валути.

Во закрепнувањето на руската валута помогна и заканата на Кремљ дека ќе ги принуди европските увозници на гас како Германија да можат да купуваат нафта единствено рубљи .

Повеќе помош дојде од Кина и Индија, кои ја зголемија количината на руска нафта што ја купуваат благодарение на големите попусти од Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот