Руската Дума на обвинителите ќе им даде овластувања да затвораат дописништва на странски медиуми

Рускиот Парламент (Дума) вчера  го усвои законот со кој обвинителите се овластуваат да затвораат странски медиуми во Москва, доколку се медиуми што доаѓаат од земја која била „непријателска” кон руските медиуми, откако на некои руски државни медиуми им беше забрането да делуваат во земјите од Западот.

Предлог-законот, усвоен во прво читање од Думата, долниот дом на рускиот парламент, исто така забранува дистрибуција на написи или друг медиумски материјал што бил запленет од обвинителството.

Законот треба да помине уште две читања и треба да биде одобрен од Горниот дом на парламентот и потпишан од претседателот Владимир Путин, објави Хина.

Во актуелната геополитичка ситуација, медиумите станаа инструмент за влијание врз информациската состојба во општеството”, велат пратениците во образложението на законот.

Законот беше предложен од влијателни луѓе, меѓу кои и Андреј Луговој, кој беше обвинет во отсуство од британските обвинители во 2006 година за труење на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко.

Лугавој, поранешен член на КГБ, ги негира обвинувањата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постојано го критикуваше Западот поради забраната за емитување на руските државни медиуми Спутник и РТ.

Рускиот претседател Владимир Путин во март го потпиша законот со кој се изрекуваат затворски казни до 15 години за лица кои намерно шират „лажни” информации за руските вооружени сили.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот