Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Руската амбасада во Атина доби сомнителен коверт со прашок

Мобилизација на грчката полиција предизвикаа претпладнево два случаи во Атина, едниот со сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот, а засега веројатно се работи за два одвоени случаи.

Според грчките медиуми, и во двата случаи биле ангажирани припадници на Одделот за деактивирање експлозивни направи.

Во центарот на Атина, пред хотел била пронајден сомнителен куфер, по што интервенирала полицијата и превентивно бил затворен поширокиот дел.

Во амбасадата на Русија во населба во северниот дел на Атина бил откриен ковертот со сомнителен прашак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот