Руската инфлуенсерка Кристина Озтурк - Фото: Инстаграм/ Kristina Ozturk

ВИДЕО | Руска инфлуенсерка има 28 години и 22 деца — сопругот ѝ е 32 години постар милионер, осуден за поттикнување убиство

Познатата руска инфлуенсерка Кристина Озтурк привлече огромно внимание на социјалните мрежи споделувајќи детали од животот со своите 22 деца и сопругот милионер, кој во минатото бил зад решетки. Минатата година таа повторно се појави во јавноста по период на медиумска изолација и изненади многумина со новите планови за проширување на семејството.

Кристина Озтурк, која има 28 години, живее со турскиот бизнисмен Галип Озтурк, 32 години постар од неа. Тој во јули бил пуштен на слобода откако одлежал две години од вкупно осумгодишната затворска казна за кривични дела поврзани со наркотични супстанции.

Галип претходно бил осуден на доживотен затвор во Истанбул под обвинение дека во 1996 година нарачал убиство на вработениот Куввет Косеоглу. За да ја избегне затворската казна, која била потврдена од апелацискиот суд во 2018 година, избегал од Турција во Грузија.

Тој е роден во 1965 година во турскиот округ Ајваџик и е основач на компанијата „Метро Туризам“, една од водечките компании за меѓуградски превоз во Турција. Неговата сопруга Кристина сега откри дека заедно планираат уште поголемо семејство.

Во периодот од март 2020 до јули 2021 година, парот потрошил околу 180 илјади долари за услуги од сурогат мајки за да ги добијат децата кои денес го сочинуваат нивното огромно семејство: Викторија, Мустафа, Маријам, Ајрин, Алис, Хасан, Џуди, Харпер, Тереза, Хусеин, Ана, Изабела, Исмаил, Мехмет, Ахмет, Али, Кристина, Алена, Сара, Локман, Алпарслан и Оливија.

Особено внимание привлекува фактот што дури 20 деца биле родени во период од само една година.

Иако за повеќето луѓе толкав број деца би бил повеќе од доволен, Кристина и Галип отворено признаваат дека нивната цел е да имаат повеќе од сто деца.

Во интервју од 2021 година, Кристина изјавила дека уште од детството сонувала за големо семејство. Според неа, и нејзиниот сопруг го делел истиот сон за големо и среќно потомство, па почнале да го остваруваат веднаш штом се запознале. Таа објаснила дека нивниот живот целосно се променил, не само љубовната врска. Додала дека клиниката за сурогат мајчинство со која соработуваат била воодушевена од нивната приказна и среќна што им помага да ги остварат своите цели.

Иако не знаела дали ќе станат најбројното семејство во светот, Кристина рекла дека е сигурна оти ќе бидат најсреќното. И покрај тоа што имаат дадилки, таа тврди дека лично ги извршува сите секојдневни мајчински обврски. Објаснила дека единствената вистинска разлика е бројот на децата, а секој ден ѝ е исполнет со различни задачи — од организирање на персоналот до купување потреби за целото домаќинство. Според неа, во нивниот дом никогаш не е здодевно. Сепак, парот решил привремено да направи пауза и да почека децата малку да пораснат пред повторно да започне процесот на сурогат мајчинство.

Галип во 2023 година бил осуден на осум години затвор поради нелегално набавување и поседување наркотични и психотропни супстанции.

Прославувајќи го неговото враќање дома, Кристина објавила видео на Инстаграм со порака дека сè конечно завршило. По тој повод организирала раскошна прослава во нивниот дом во Батуми — градот во кој двајцата се запознале и ја започнале својата врска, и покрај разликата од 32 години.

Турските медиуми на 30 јуни објавија дека основачот на „Метро Туризам“ бил пуштен од затвор под посебен надзор. Овој бизнисмен со години го избегнувал турското правосудство, барајќи засолниште во Грузија уште во 2018 година, откако доживотната пресуда за поттикнување убиство од 1996 година станала правосилна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот