Русите тврдат дека германски воен авион летал блиску до нивниот возфушен простор

Воен авион /Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Руската војска соопшти дека придружувала германски извидувачки авион над Балтичкото Море подалеку од рускиот воздушен простор. Борбениот авион полетал за да го придружува германскиот поморски извидувачки авион Lockheed P-3 C Orion, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Авионот на германските вооружени сили, Бундесверот, свртел пред да стигне до рускиот воздушен простор. Рускиот борбен авион Су-27 потоа исто така се вратил на својот аеродром. „Спречена е повреда на руската државна граница”, соопшти руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на германската морнарица за ДПА изјави дека авионот извршувал рутински извидувачки лет. Руски пресретнувач тогаш полетал во воздушниот простор во близина на Калининград за да набљудува. И тоа беше рутинска реакција, ништо не се случи, велат претставници на германската морнарица.

Тензиите во воздушниот простор над Балтичкото Море меѓу силите на НАТО и Русија се зголемија од почетокот на руската војна против Украина, која почна во февруари минатата година. Со ексклавата Калининград, Москва има силен воен пункт во регионот. Таму се наоѓа и руската балтичка флот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот