Русите направија бетон кој е флескибилен на удар и не пука
Руските научници од Универзитетот во Владивосток развија нов облик на бетон кој е пофлексибилен од обичниот и многу појак од оној кој во моментов се користи во градежништвото.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со овој бетон според научниците ќе се градат многу појаки и постатични објекти низ светот, што пак ќе ги намали штетите и човечките жртви при евентуални земјотреси и останати непогоди.
Тајната, според написите на руските медиуми, е мешавината, во која научниците замениле 40 проценти од цементниот врзивен матерјал со богати еколошки матерјали кои го прават новиот тип бетон многу поеластичен и поцврст.
Истите извори наведуваат дека, во новиот бетон како врзивен матерјал нема да се употребува класичниот цемент направен од дробен камен и цврсти матерјали, туку ќе се употребува варовник, силиконски песок и оризова арпа.
Оризовата арпа подолго време се истражува поради нејзината примена во индустријата, додека силиконскиот песок е кристална форма на кварц кој дава одлични резултати во јакоста и флексибилноста на матерјалите во кои се користат.
Со нивната примена во градежната индустрија, бетонот како главен матерјал ќе добие ,,гумено” својство, и наместо да пука при изложеност на удари, ќе се собира и по некое време ќе се враќа на своето место, наведуваат руските медиуми.
Флексибилниот бетон би бил одлична алтернатива за изградба на мостови, каде матерјалите се изложени на свиткување, но задржување на обликот.
Руските научници од Универзитетот во Владивосток посочуваат и дека главната примена на овој бетон би можела да биде во изградба на владините и воените објекти со шти нивната сигурност би била целосна.


