Малезиски авион / Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Русија нема намера да ги испорача нејзините државјани осудени за соборувањето на малезискиот авион

Русија денеска ја отфрли како „скандалозна“ одлуката на холандскиот суд да осуди двајца нејзини државјани на доживотен затвор за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека судот бил под невиден притисок од холандски политичари, обвинители и медиуми да донесе политички мотивиран исход, објави Ројтерс.

Судењето во Холандија ги има сите шанси да стане едно од најскандалозните во историјата на судските постапки, се вели во соопштението.

Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот