Русија, Кина, ЕУ: Што му рече Вучиќ на познатиот спин доктор Алистер Кембел?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју со поранешниот советник на британскиот премиер Тони Блер, Алистер Кембел, зборуваше за односите на Србија со Русија, Кина и со Европската Унија, објавија српските медиуми.
Препорачано
„Многу луѓе низ целиот свет почнаа да прават нешто против суверените нации и ги менуваа границите затоа што видоа дека вие ги менувавте нашите граници. Ние имаме принципи, за разлика од вас Алистер“, рече Вучиќ.
Интервјуто, водено со Вучиќ од Алистер Кембел и Рори Стјуарт, беше објавено на платформата „Ејпл поткаст“ под наслов „Претседателот Александар Вучиќ: Русија, Кина и како Србија би можела да се приклучи на ЕУ“.
Кембел, во чиј поткаст гостуваше Александар Вучиќ, во исто време е човекот од кого претседателот на Србија научи како континуирано да го контролира наративот, односно главната медиумска и политичка приказна во српската држава. Во работата на кабинетот на Вучиќ како премиер, Кемпбел држел обуки за службеници на српската влада. Алистер Кембел е познат како спин-докто, официјално како директор за комуникации и стратегија на поранешниот британски премиер Тони Блер.
New @RestIsPolitics LEADING with Serbian President Aleksandar Vucic. Gets spiky at times (we were opposite numbers during Kosovo war) but fascinating on changing geopolitical times and much more. YouTube recommended for full impact! https://t.co/8Fcv6aHjlf
— ALASTAIR CAMPBELL (@campbellclaret) April 27, 2026
Помогнете ни да ја разбереме вашата позиција и однос со Русија?, Кембел го праша Вучиќ, на што тој одговори: „Се претставувате како светилник на демократијата, а Русија е светилник на злото, што не е вистина“.
Како што додаде претседателот на Србија, „постојат различни култури, различни традиции“.
„Секогаш зборувате за Србија како руска марионета“, рече Вучиќ.
„Денес, ако ги прашате граѓаните на Србија што чувствуваат за 1999 година, тие чувствуваат уште поголемо негодување и разочарување поради однесувањето на 19 земји кои започнаа агресија против суверена земја. И луѓето се апсолутно сигурни дека ова е направено, што беше потврдено, без согласност на ОН, со Резолуцијата 1244. Ова не беше направено за да се спречи некаков вид хуманитарна криза, туку беше направено за да се одделат 14% од територијата на Србија. Она што се обиде да се направи 8-9 години подоцна, во 2008 година, кога тие прогласија еднострана независност“, рече Вучиќ.
Медиумите објавија дека Кемпбел дошол на интервју со Вучиќ на 22 април.
Алистер Кемпбел објави и неколку фотографии со Вучиќ од неговата канцеларија на мрежата „Икс“, особено истакнувајќи ја пушката на Милан Обреновиќ, која претседателот на Србија ја доби како подарок од Владимир Путин, претседателот на Русија.
A few pictures from our trip to Belgrade. Pic 4 – a gift to the Serb president from Putin!! pic.twitter.com/Q2XjvT0aBm
— ALASTAIR CAMPBELL (@campbellclaret) April 27, 2026


