Русија ја подобри ликвидноста: Не им помогна рубљата, туку јуанот

Јуани / Илустрација Profimedia

Кинескиот јуан сочинуваше речиси една четвртина од плаќањата во рускиот увоз во 2022 година, соопшти руската централна банка во четвртокот, истакнувајќи дека нејзиниот удел во тргувањето со валути се зголемил во февруари. Уделот на јуанот скокна од само четири отсто на дури 23 отсто во вкупните плаќања на рускиот увоз во 2022 година, според податоците на централната банка.

Кинеската валута презеде толку значајна улога во плаќањата, намалувајќи го приматот на доларот, кој го зазема убедливото прво место по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, забележува Ројтерс, пренесува Хина. Уделот на домашната валута рубља падна од 29 на 27 отсто, објави банката.

Во февруари, уделот на валутниот пар долар-рубља во пазарните операции во Русија падна на 36 отсто, што е најниско ниво во последните неколку години, објави централната банка во извештајот за ризиците на финансиските пазари. Обемот на девизното работење во „токсични“ валути продолжува да се намалува“, објави централната банка.

Во февруари, банките го ограничија пристапот до доларската ликвидност во очекување на нови санкции, што накратко предизвика недостиг на девизи. Извозниците, пак, ја намалија продажбата на девизи на 7,8 милијарди долари поради падот на цените на енергенсите. Русија објави дека од 7 март до 6 април ќе продава јуани во вредност од 5,4 милијарди рубљи дневно за да ги надомести помалите приходи од нафта и гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот