Русија испраќа затворенички да се борат во Украина

Регрутирање во Русија / Фото: Natalia KOLESNIKOVA / AFP / Profimedia

На крајот на мај, Русија ослободи група жени од затвор за да се приклучат на борбата во Украина, објавија две поранешни затворенички, пишува Њујорк Тајмс. Сепак, не е познато дали нивното ослободување е изолиран случај, пилот програма или почеток на поголем бран на регрутирање затворенички. Воените регрутери почнаа да ги посетуваат женските затвори низ европскиот дел на Русија повеќе од една година откако на затворениците им понудија помилување и плати во замена за одење на боиштата.

Сепак, до сега, жените кои се пријавиле да се приклучат на војската останувале во затвори без официјално објаснување. Десетици илјади осудени Руси ја прифатија поканата на армијата. Илјадници од нив беа убиени во Украина, а некои извршија тешки злосторства по нивното ослободување. Со регрутирање затворенички, пишува Њујорк Тајмс, Русија се обидува да избегне мобилизирање на населението.

Не е познато какви улоги треба да преземат жените на фронтот. Воени регрутери посетиле затвор во близина на Санкт Петербург минатата година и им понудиле на затвореничките договори како снајперистки, медицински персонал и радио оператори на првата линија за една година, што е значително отстапување од претежно помошните позиции на женски војници. Тогаш се пријавиле околу 40 од 400 затворенички.

Им беше понудено помилување и плата од околу две илјади долари месечно, што е околу 10 пати повеќе од минималната плата во Русија. Две жени кои беа сведоци на регрутирање во затворот минатата година, изјавија за Њујорк Тајмс дека затворениците се пријавиле и покрај заканите од воените офицери кои го посетиле.

Како една од причините зошто жените се пријавуваат во војска, поранешните затвореници ги наведуваат суровите услови во руските затвори. Њујорк тајмс пишува дека на затвореничките во близина на Санкт Петербург им е забрането да зборуваат, тие работат до 12 часа дневно во затворските работилници, дури и на ниски температури. Освен Русија, воени заробеници користи и Украина. Владата во Киев одобри слична шема минатиот месец, а украинските власти рекоа дека илјадници осуденици оттогаш се пријавиле за регистрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот