Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Русија е подготвена да помогне во решавањето на конфликтот со Иран, вели Песков

Русија е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот во Иран, а претседателот Владимир Путин продолжува да разговара со регионалните лидери за изнаоѓање на решение за конфликтот. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.

„Претседателот ги продолжува контактите со лидерите на Блискиот Исток и доколку нашите услуги се некако потребни, ние, секако, сме подготвени да го дадеме нашиот придонес за да се обезбеди воената ситуација што е можно поскоро да премине во мирен тек“, изјави Песков за новинарите.

Песков ја даде изјавата коментирајќи го говорот на Доналд Трамп за војната со Иран и неговите изјави за евентуално повлекување на САД од НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот