Руд е човекот кој стои меѓу Надал и 22 грен слем титула

Прво грен слем финале во кариерата за Каспер Руд/Париз, Франција/3 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Норвешкиот тенисер Каспер Руд в недела ќе игра против Рафаел Надал за трофејот на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, откако во полуфиналето го победи Марин Чилиќ со 3:6, 6:4, 6:2, 6:2.

Во дуелот кој траеше скоро три часа, Норвежанецот го загуби првиот сет, но во следните три прикажа многу подобра игра од Хрватот кој имаше премногу неизнудени грешки.

Руд, кој е осми светски играч, пласманот во финалето на Отвореното првенство на Франција му е најголемиот успех во кариерата, а на „Ролан Гарос“ досега најдобар резултат му беше пласманот во третото коло.

Потсетување дека во првиот полуфинален меч Александер Зверев поради тешка повреда го предаде мечот против Надал.

Рафа е на една победа од својата 22 грен слем титула, моментно има една повеќе од Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот