Росана Сариќ - Тодоровска / Фото: Скриншот/Јутјуб

Росана тагува по внуците кои си заминаа од Македонија, пејачката сподели дел од нивниот живот во странство

Росана Сариќ – Тодоровска е тажна што не може да ги гледа своите внуци секој ден како порано, затоа што ќерката Ивана со сопругот и со децата замина од Македонија.

Ивана Тодоровска – Холт се омажи за Англиченецот Џејмс и ги имаат синовите Ноа и Матео кои се најголемата љубов на пејачката Росана и на нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче. Тие пред извесно време решија да се преселат во Англија.

 

Фото: Скриншот/Фејсбук

„Ми го земаа времето и на мене и на дедо. Но, тоа е прекрасно чувство и живееме за нив. За жал веќе не живеат во Македонија, се преселија во Англија и сега веќе се гледаме на камера. Доаѓаат на гости па и ние ќе отидеме таму. Само знам дека е тешко, особено на мене бидејќи некако цел живот само дочекувам и испраќам на аеродром. Тоа навистина е многу тажно, тешко ми е на душата, но не сакам да зборувам бидејќи солзите сами ми течат“, рече Росана за Канал 77, кога во октомври лани настапи на фестивалот „Макфест“.

Таа за првпат без нејзината сестра Маријана која живее во Асвтралија ја испеа легендарната песна „Признавам“ во нова верзија.

Росана сподели слики од Ивана со нејзиниото семејство на која изгледаат среќно и исполнето. Албумот на Фејсбук, таа го нарече: „Души наши“.

Помалиот син на Ивана и на Џејмс Матео, во ноември лани наполни четири години, а постариот Ноа во јули оваа година ќе наполни осум години.

„Ние фамилијарно сите пееме, најчесто тоа е зад затворени врати и за наша душа. Досега ниедно од децата не се одлучи јавно да се занимава со оваа професија, иако имаме една извонредна палета на гласови. Најмногу ми е жал дека никогаш не си го остваривме ветувањето еден ден да се собереме јас, сестра ми и брат ми, заедно со нашите деца, да испееме нешто. Секогаш остававме за некој друг пат и еве сега, за жал, веќе не можеме да ја реализираме оваа идеја. Ивана беше дел од школските хорови додека беше во основно и средно училиште, но дотука било. Потоа се запиша на Економски факултет, отиде за Америка, се врати“, рече Росана во едно интервју за „Слободен печат“. Нејзиниот брат и братот на Маријана почина во 2018 година.

ВИДЕО | Музичкото богатство на Тоде Новачевски: Евергрини кои ќе останат засекогаш!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот