Фото: Screenshot/youtube.com/@beinsportsusa

Роналдо му се поклони на Ѓоковиќ: „За мене тој е пример“

Кристијано Роналдо му оддаде големо признание на Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи го пример и инспирација за сите генерации.

Новак Ѓоковиќ е добитник на наградата „Globe Soccer Award 2025“, признание што му се доделува на спортист надвор од светот на фудбалот кој остварил „глобално влијание што ги надминува границите на сопствениот спорт“.

Трофејот му го врачи токму Кристијано Роналдо, кој не го криеше восхитот кон српскиот тенисер.

Португалецот зборуваше со многу почит за човекот со 24 грен-слем титули и му упати силен и емотивен комплимент.

„За мене тој е пример, пример за долговечност. Имаме слични животни и спортски приказни. Сметам дека навистина ја заслужува оваа награда, бидејќи е голем узор за оваа генерација, за сите генерации и за оние што допрва доаѓаат“, изјави Роналдо.

Зборовите на еден од најголемите фудбалери на сите времиња дополнително го потврдија статусот на Новак Ѓоковиќ како глобална спортска икона, чијашто важност и влијание далеку ги надминуваат тениските терени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот