Роман Полански наскоро ќе се огласи за новите тужби за силување!

Фотографија: Profimedia

Режисерот Роман Полански рекол за италијанските новинари дека има намера јавно да се огласи во врска со новата тужба за силување против него, која се појави за време на француската премиера на неговиот нов филм „Офицер и шпион“.

Фотографката Валентин Мониер изјавила во францускиот весник Le Parisien дека на 8 ноември Полански ја силувал во скијачката куќа во Гстаду во 1975 година. Полански ги негираше оптужувањата преку својот адвокат кој рекол дека ќе превземе правни постапки против Le Parisien.

Во едно од првите интервјуа со Полански откако била објавена тужбата, ценетиот италијански филмски критичар Паоло Мерегети од Corriere della Sera, се обидел да добие одговор од режисерот во врска со тужбите.

Profimedia

Повикувајќи се на фактот дека полански го негирал тврдењето на Мониерве преку својот адвокат, Мерегети прашал: „Зарем не чувствувате должност повторно да ја кажете вистината за тие работи дури и пред јавноста“, на што Полански одговорил: „Имам намера, но не со тебе“. Мерегети продолжил: „Тие тужби никогаш нема да завршат во судница и со самото тоа ниту една тужба никогаш нема да ја утврди вистината. Единствената личност која може да одговори и да ги објасни работите сте вие, зарем не го сакате тоа?“

Одговорот на Полански бил: „Со секој мој филм се случува нешто слично. Секој пат се појавувам некој кој ме критикува поради нешто. До сега не зборував за тоа, но јас сум единствената личност која може да зборува за тоа и тоа ќе го направам наскоро“.

Овој скандал не ја намали гледаноста на неговиот филм во Франција. Во првиот викенд на прикажувањето „Офицер и шпиун“ беше најгледаниот филм во Франција со продадени 386 720 влезници на 545 проекции, што му донесе заработка од 2,8 милиони долари.

Во позадина во Франција продолжи јавната расправија околу овие тужби. Француските автори, режисери и продуценти собрани во здружението I’ARP објавиле дека на својот следен состанок на управниот одбор, ќе предложат донесување на нов пропис за борба против сексуално вознемирување помеѓу своите членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот