Рома елиминирана на Олимпико, Торино во четвртфиналето во Купот на Италија
Фудбалерите Торино вечерва се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија откако ја елиминираше Рома со 3-2 во Рим. „Биковите“ направија големо изненадување на стадионот „Олимпико“ против еден од најдобрите тимови во земјата во моментов, а со денешната победа си дадоа нов импулс пред продолжувањето на сезоната.
Препорачано
Екипата на Марко Барони поведе во 35 минута кога Че Адамс, кој беше одлично расположен вечерва, го совлада Миле Свилар по додавањето на Влашиќ. Џан Пјеро Гасперини направи две замени на полувремето, а една од нив ја искористи можноста на најдобар можен начин, бидејќи Марио Ермосо го израмни резултатот практично во првиот напад на натпреварот.
Радоста на домашните траеше само шест минути, колку што му требаше на Адамс да постигне уште еден гол и со тоа да му донесе ново водство на својот тим. Гасперини повторно направи добра замена, откако во 80 минута, 16-годишниот Антонио Арена влезе во игра и го постигна својот прв гол во дресот на „волчицата“ со првиот контакт со топката.
Се чинеше дека победникот на натпреварот ќе биде решен по изведувањето на пенали, но така не мислеше Емирхан Илкан кој ја затресе мрежата на Свилар во 90 минута за голема победа на Торино.
Торино ќе се сретне со тимот на Интер во четвртфиналето од Купот, кој ја елиминираше Венеција со резултат од 5:1.


