„Ролс-Ројс“ успешно тестираше водороден авионски мотор

Ролс Ројс/ Фото: Yoko Aziz / Alamy / Alamy / Profimedia

Британскиот Ролс-Ројс во понеделникот објави дека успешно тестирал авионски мотор на водород за прв пат во светот на воздухопловството, што е важен чекор кон декарбонизација на воздушниот транспорт.

Тестот на земјата, со помош на модифициран мотор AE 2100-A, користел зелен водород произведен со употреба на енергија на ветер и бранови, објави британската компанија. Rолс и неговиот партнер за тестирање Изи Џет се обидуваат да докажат дека водородот може да биде безбедно и ефикасно гориво за цивилните авиони.

Тие веќе планираат втор сет тестови, а долгорочно сакаат да извршат тестови во воздухот. Водородот е една од технологиите што би можеле да и овозможат на воздухопловната индустрија да биде јаглеродно неутрална до 2050 година, пренесе Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот