Рокас за годишнината од руската агресија: ЕУ е во Украина повеќе од кого било
Евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас, на четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина во изјава за „Слободен печат“ најави дополнителна поддршка за Киев, но и втор пакет санкции за Русија со цел да ја редуцира нејзината способност да ја води оваа, како што рече, брутална војна.
Препорачано
– Очигледно ова е многу тажна годишнина, особено кога мислиме на секојдневните страдања на Украинците кои се соочуваат со разурнувања, и очигледно и денес нашите мисли се со нив. Од првиот момент Европската Унија беше таму, можам слободно да кажам, повеќе од кого било. Не само со она што сме го направиле, во минатото од 2022 година дадовме близу 195 милијарди евра како финансиска, воена и поддршка за бегалци, но ние сме тука и правиме повеќе бидејќи нашата цел е правда не само мир под какви било услови – вели Рокас.
„Знаете дека подготвивме пакет од дополнителна поддршка од 90 милијарди евра кои се надевам ќе бидат дадени што е можно побрзо. Подготвуваме втор пакет санкции (за Москва) што исто така е многу важно бидејќи треба да ја редуцираме руската способност да ја води оваа војна, оваа брутална војна. Во исто време, размислуваме за Украина, за идните безбедносни гаранции, за европскиот пат и реконструкцијата. Кристално јасно е дека тоа е витално прашање не само за ЕУ туку за европската безбедност, стабилност и просперитет – додава евроамбасадорот во изјава за „Слободен печат“.


